Средба во Мостар на претседателите на Србија, Хрватска и БиХ
Претседателот на Србија Александар Вучиќ, претседателката на Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ и членовите на претседателството на БиХ -Драган Човиќ, Младен Иваниќ и Бакир Изетбеговиќ денеска во Мостар ќе одржат трилатерална средба.
Освен лидерската средба, предвиден е состанок и на министрите за надворешни работи.
Непосредно пред средбата закажана за денеска на пладне, Човиќ за Танјуг изјави дека очекува континуитет на претходните разговори водени во Белград, а потоа и во Загреб.
- Очекувам континуитет од претходните разговори за на некој начин да ги пресретнеме искушенијата кои се пред нас, пред земјите на југоисточна Европа кога е во прашање европскиот пат, а посебно решавање на меѓудржавните прашања. Тука, пред се, мислам на прашањата околу границите, изјави Човиќ.
Тој оцени дека ова е можност заеднички да се разгледа целосната европска перспектива и да се види како можеме едни на други да помогнеме.
Ново на Сител
-
Исчезнала 21-годишна девојка од Шуто Оризари
-
Здравствена работничка нападната пред угостителски објект од 24-годишна жена
-
Прегазен 69-годишен пешак во тетовско
-
Сообраќајка во Кочани - тешко повредено едно лице
-
Земјотрес од 5,3 степени го погоди западот на Турција
-
Песков: Путин е подготвен да се сретне со Трамп во Москва
-
НАТО го засилува присуството на Балтикот откако во Данска се видени дронови
-
Лишени од слобода двајца Скопјани, при претрес пронајдена марихуана