Средба со урбаните и месни заедници во општина Карпош

Градоначалниците на Скопје Коце Трајановски и на Карпош Стевчо Јакимовски денеска одржаа средба со претставници на урбаните и месните заедници од општина Карпош, во рамки на тринаесеттиот циклус посети на општините на Град Скопје.
Како што соопшти Град Скопје, пред почетокот на средбата, градоначалниците Трајановски и Јакимовски, извршиле увид во работата на терен на јавните претпријатија, кои на подрачјето на општината реализираат активности од нивна надлежност.
- Ова е редовна средба со службите на општината и претставниците на урбаните и месните заедници каде што дискутираме за работата на градската администрација и работата на јавните претпријатија. Овие 3 дена екипи на јавните претпријатија со поголем интензитет ќе работат на територијата на Општина Карпош каде што ќе извршуваат акции и работи од делокругот на нивните надлежности. На оваа средба очекуваме доста конструктивни дискусии и предлози околу функционирањето на нашите служби од урбаните и месните заедници и тие да ни дадат оцена за досегашната работа, како и насоки за понатамошното функционирање, кажа градоначалникот Трајановски.
Тој ја потенцираше одличната соработка со службите на општина Карпош и градоначалникот Јакимовски, што резултира со реализацијата на голем број капитални проекти во оваа општина изминативе години, а се осврна и за планираните проекти кои ќе се реализираат во наредниот период.
- Наредната година ќе започне реализацијата на проектот за изградба на кружен тек на булевар „8 Септември" кај Хубо маркет, изградбата на фекална канализација на улица „Московска" по должината на булеварот „Партизански одреди", а во моментов се прави проект за реконструкција на булеварот „Партизански одреди" на потегот од улицата „Френклин Рузвелт" до булеварот „8 Септември", изјави Трајановски.
Ново на Сител
-

Скопје одбележува 116 години од раѓањето на Мајка Тереза, положено цвеќе пред спомен плочата
-

Трајановски: Почна изградбата на втората фаза од автопатот Скопје - Блаце
-

Бројот на жртвите од земјотреси во Венецуела надмина 6.500 луѓе
-

За Богородица обезбеден дополнителен превоз за сите верници и посетители до Манастирот во Матка
-

Во САД регистрирани првите овогодишни смртни случаи од морбили, епидемијата се шири
-

Утре и на 31 август ќе се прска против комарци во пет општини од Југоисточниот плански регион
-

Во Кривичен продолжува судењето за случајот „Онкологија“
-

Администрацијата на Трамп привремено ги суспендираше термините за визи ширум светот
