-->
-->
Средба Поповски - Данкан
-->

Реформските процеси, евроатланските перспективи на Република Македонија и внатрешната состојба, беа дел од темите на средбата помеѓу вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски и министерот за Европа и Америка при британскиот Форин Офис, Сер Алан Данкан.
Како што соопшти македонското Министерство за надворешни работи, министрите разговарале и за билатералните односи, како и за неодамнешниот ЕУ референдум во Обединетото Кралство и натамошните чекори на британската Влада за излез од унијата.
- Очекуваме идното позиционирање на Велика Британија да остане поволно во однос на Македонија и регионот, особено во делот на економската размена и поддршката во евроатланските интеграции, констатирал Попоски и додал дека не очекува поместувања на сметка на земјите-кандидати, особено во делот на трговските договори кои ќе следуваат.
Посебен акцент соговорниците ставиле и на членството на Република Македонија во НАТО како стратешка определба. Министерот Попоски, изразувајќи благодарност за континуираната британска поддршка за интеграцијата на Република Македонија во меѓународните организации, ја потенцираше посветеноста за продолжување на партнерскиот однос помеѓу двете држави и потребата за развој на врските, се вели во соопштението од МНР.
Министерот за Европа и Америка при британскиот Форин Офис, Сер Алан Данкан, денеска оствари средби и со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и со потпретседателката на СДСМ Радмила Шекеринска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Скопјанка измамена за сума од 117.000 денари од поранешен вработен во Катастар
-

Во текот на изминатото деноноќие приведени 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“
-

Приведени две лица откако нападнале и ограбиле маж и се обиделе да го принудат да земе брз кредит
-

Мицкоски: Мојата задача не е да се занимавам со коски од минатото, туку да обезбедам иднина за нашите деца
-

Владина делегација предводена од Муцунски положи цвеќе по повод 23 Октомври
-

УХМР: Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крива Паланка
-

Руски танкер со 40.000 тони дизел плови кон Њујорк по договорот меѓу Путин и Трамп
-

Зеленски: Моите несогласувања со Трамп не се на лична основа
