Средба на Заев со претставници на ЗНМ, НСН, МИМ, Советот за етика...
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од претставникот на преговарачкиот тим на СДСМ, Роберт Поповски денеска се сретна со претставници Здружението на новинари на Македонија, Институтот за комуникациски студии и Високата школа за новинарство, Независниот синдикат на новинари, Советот за етика и Македонскиот институт за медиуми.
На средбата, соопшти денеска СДСМ, било разговарано за реформи во медиумите во Македонија.
Заев меѓу другото потенцирал дека прашањето за реформи во медиумите не е само обврска што произлегува од Договорот во Пржино и од Извештајот на Прибе, туку, стои во соопштението, децидно ја бара и Европската унија во Извештајот за Македонија, меѓу условите за продолжување на евроинтеграцискиот процес на земјава.
- За иднината на Република Македонија во моментов нема ништо поважно од фер, регуларни и демократски избори. Нема кредибилни избори без медиумски реформи, рече Заев, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-
Маркетите со речиси преполовен промет по бојкотот, Владата за утре најавува детали од инспекциите
-
Блокадата на „Мостот Слобода“ во Нови Сад траеше цела ноќ, студентите спиеја на улица
-
Сенката на можна трговска војна се надвиснува над односите ЕУ-САД
-
Утре без струја делови од Зелениково, Кисела Вода и Сарај
-
Магла утринава на неколку патни правци
-
Променливо облачно, претпладне со магла по котлините
-
Тројца мaлолетници нападнале син на државјанин на Белорусија
-
Туск со порака до Трамп: Не се плашиме, имаме одговор за американската царинска војна