Средба на Заев со кинескиот амбасадор Зеншун Вен
Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска се сретна со кинeскиот амбасадор во Македонија, Зеншун Вен.
На средбата, како што соопшти СДСМ, станало збор за актуелната политичка ситуација во Македонија и продлабочувањето на односите на Република Македонија со Народна Република Кина.
- Сите политички субјекти во Македонија и претставниците на меѓународната заедница се свесни дека се пробиени законските рокови за клучни обврски од Договорот во Пржино, прочистувањето на Избирачкиот список и регулација на медиумите, посочил Заев и додал дека очекува Државната изборна комисија во скоро време да излезе со проценка на роковите потребни за ефективно и квалитетно прочистување на Избирачкиот список.
На средбата била изразена заедничка согласност дека во интерес на граѓаните и на иднината на Македонија е стабилизирање на ситуацијата во земјава, а не продлабочување на политичката криза.
- СДСМ е одлучна за доследно спроведување на Договорот од Прижино. Неопходни се фер и регуларни избори во Македононија, за што мора да се обезбедат доверлив Избирачки список и минимум услови за објективно известување од медиумите.
Ново на Сител
-
Трамп положи заклетва за претседател на САД
-
Двајца велешани физички нападнале жител на Чашка и го оштетиле возилото во кое се превезувал
-
МВР: Фатен бегалец од КПУ Затвор Идризово
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и затајување против началник во МВР
-
Кривична пријава против битолчанец за кражба на дрва
-
Си префрлила 396.234 денари од компјутерот на слот машини за да се коцка, кривична за 28-годишна Кочанка
-
Кривична пријава против двајца Турци за фалсификување исправа
-
Нови два случаи на Ковид-19, во 2025 вкупно 13 заболени