Средба на Заев со германскиот специјален пратеник Хајндл

Претседателот на СДСМ Зоран Заев придружуван од заменик претседателката Радмила Шекеринска и генералниот секретар Оливер Спасовски, денеска се сретна со германскиот специјален пратеник за Македонија, Јоханес Хајндл, придружуван од амбасадорката на Германија Кристине Алтхаузер.
- Заеднички е ставот дека нема време за губење и дека е неопходно брзо решение за политичката криза, а тоа е прецизирање конкретни чекори за исполнување на двата клучни услова за брзи фер и демократски избори во Македонија и организација и спроведување слободни избори според Договорот од Пржино, стои во соопштението од СДСМ.
Заев посочил дека и за Избирачкиот список и за медиумите можен е договор во следните денови, ако за тоа постои политичка волја, бидејќи, се вели во соопштението, на маса се конкретни технички чекори што треба да се направат, а коишто може да не зависат од политичките партии.
На средбата, соопшти СДСМ, било констатитирано дека Република Македонија почна да ги чувствува првите консеквенци од пролонгирањето на политичката криза и оти сите страни мора да ја покажат потребната иницијативност за отворените прашања, а со тоа и волја за регуларни предвремени парламентарни избори.
- Постои јасна согласност дека само фер, регуларни и демократски избори се опција за напредокот на Македонија нејзините граѓани, стои во соопштението од СДСМ.
Ново на Сител
-

Експерти: Силните ветришта во Скопје не се вообичаени, но нема да бидат изолиран случај
-

Тема на денот со Ивица Боцевски, поранешен амбасадор
-

Скопје ден по невремето со ветер со јачина на ураган
-

Урагански ветар пустошеше по Истокот
-

Епидемијата во Гостивар стивнува велат од здравство, цистерни вода ќе се носат од други градови
-

Брисел ни ги достави задачите што треба да ги исполниме до декември
-

Ганди доби биста во Музејот на Град Скопје
-

Просечната плата се доближува до 50 илјади денари: Кои работници се најплатени?
