Средба на Заев со Бејли за консултации за 72. Генерално Собрание на ОН
Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со амбасадорот на САД во земјава Џес Бејли за консултации во однос на претстојното 72. Генерално Собрание на Обединетите Нации, кое ќе се одржува во Њујорк од 17 до 23 септември.
На средбата, соопшти владината прес-служба, амбасадорот Бејли уште еднаш ги поздрави заложбите и напорите на новата реформска влада, како и успесите постигнати во првите 100 дена, особено во полето на надворешна политика. Тој ги изнесе позициите на Соединетите Американски Држави во однос на Генералното Собрание на ОН и нивните ставови за актуелните глобални прашања на безбедноста и мирот во светот. Дополнително, амбасадорот Бејли ги посочи заедничките предизвици во поглед на борбата против радикализација на насилен ектремизам и тероризам, пролиферација на оружје за масовно уништување како закана за светската безбедност, потребата за заедничка акција за подобрување на човековите права и промоција на дијалогот како средство за разбирање и соработка помеѓу нациите.
Премиерот Заев се заблагодари на честитките и поддршката на Соединетите Американски Држави и потврди дека оваа Влада е цврсто посветена на стратешката цел за членство во ЕУ и НАТО, нагласувајќи дека позициите на меѓународната сцена ќе ги гради во блиска соработка со своите стратешки партнери и пријатели. Тој истакна дека Македонија е силен поддржувач на мултилатерализмот и ќе работи со сите земји членки на Обединетите нации, со цел да се заштитат човековите права, да се подобри безбедноста и да се зачува мирот во светот.
Премиерот Заев напомена дека остварувањето на милениумските развојни цели е клучен фактор во градење заеднички просперитет на сите граѓани, во различни делови од светот.
Ново на Сител
-
Кик бокс Маи Таи Федерацијата продолжува да расте
-
ДПИ ќе реферира во вторник на Влада за состојбата со високите цени на храната, можни се мерки за нивно ограничување
-
Рама: Деновиве ќе биде блокиран ТикТок во Албанија
-
Се реконструира скверот зад ТЦ „Капитол“, проект вреден 45 милиони денари
-
Мицкоски за интерпелацијата за Судски совет: Нема како да бидат разрешени членовите, но борбата ќе биде со јавен притисок
-
48-годишен скопјанец пронајден починат во семејна куќа во Удово
-
Ким: САД се виновни за сите конфликти и крвопролевања во светот
-
Уапсен 36-годишник од Радовиш, се обидел да изврши тешка кражба