Средба на високо ниво на Јужна и Северна Кореја

Претставници на Јужна и на Северна Кореја се договорија утре да одржат средба на високо ниво на која ќе се разгледаат неопходните чекори за исполнување на ветувањето за претворање на Корејскиот Полуостров во зона без нуклеарно оружје.
Јужнокорејското Министерство за национално обединување соопшти дека предлогот за утрешната средба дошол од Пјонгјанг.
Во соопшението се прецизира дека средбата ќе се одржи во пограничното село Панмунџом. Северна Кореја ќе испрати 29 официјални претставници од различни сфери предводени од претседателот на Комитетот за мирно обединување на земјата И Сон - Гуон. Петчлената јужнокорејска делегација ќе ја предводи министерот за национално обединување Чо Мјон-Кјон.
Северна Кореја за 23 до 25 мај закажа затворање на својот нуклеарен полигон за да го исполни ветувањето да запре со нуклеарните проби. Тоа ќе се случи по корејскиот Самит што се одржа на 27 април и пред историската средба меѓу севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и американскиот претседател Доналд Трамп, што е закажана за 12 јуни во Сингапур.
Ново на Сител
-

Трамп во говорот на 250-годишнината од независноста на САД: Оваа земја е дом на слободата
-

Објавена нова листа на најмоќни пасоши во светот: Македонија на 78-место
-

Пожар во трговски центар за овошје, зеленчук и цвеќе во германскиот град Штутгарт
-

Муцунски во официјална посета на Катар
-

СП 2026: Мароко прв четвртфиналист
-

Сончево со мала до умерена локална облачност
-

ЦУК: Регистрирани 11 пожари на отворен простор, активен е пожарот кај Белица во Македонски Брод
-

Мицкоски: Можеме да прифатиме и гласање преку пошта, наша цел е да обезбедиме побројно гласање на дијаспората
