Средба на вицепремиерот Османи со амбасадорот на Кралството Норвешка Бјорнстад
Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска се сретна со амбасадорот на Кралството Норвешка Арне Санес Бјорнстад, со кого разговарале за билатералната соработка, проектната поддршка од Кралството Норвешка и за евроатлантските аспирации на нашата земја.
Османи, како што информираат од неговиот кабинет, на средбата истакнал дека билатералната поддршка која Кралството Норвешка ја обезбедува за нашата земја за проекти во најголем дел е наменета за остварување на најзначајните стратешки цели на земјата како интеграција во ЕУ и НАТО и изразил задоволство што истата е зголемена оваа година.
- Македонија се наоѓа во исклучително важен период, кога се очекуваат клучните одлуки за нашите европски и евроатлантски интеграции, и во овој момент сме посебно благодарни на секоја помош и поддршка од страна на нашите меѓународни партнери, изјавил Османи, додавајќи дека ја очекува поддршката од страна на Норвешка и во наредниот период.
Османи, исто така, се заблагодарил за досегашната исклучително добра соработка со Кралството Норвешка, како и за севкупната поддршката што Република Македонија ја добива од оваа земја во спроведувањето на реформите, и во поддршката од страна на Норвешка за нашите евроатлантските интеграции.
Двајцата соговорници, како што инфомираат, се согласиле во наредниот период паралелно да се стави фокус на два процеси; затворање на сите завршени проекти од нашата досегашна соработка како и планирање и започнување на реализација на нашата билатерална проектна соработка од оваа година па натаму.
Ново на Сител
-

Волц: Нуклеарната закана од Иран ќе биде главна тема на обраќањето на Трамп пред Генералното собрание на ОН
-

Русија со дрон уби свештеник и рани неколку други во напад врз украински манастир
-

Безживотно тело најдено на Шар Планина
-

Полицијата приведе 19 возачи: 10 возеле пијани, осуммина без положен возачки испит
-

Димитриевски од Велес: Не влеговме во Владата за фотелји, туку за да испорачаме
-

17-годишна девојка загина во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
-

Уапсен 31-годишен Мексиканец, пијан нападнал полицаец со тврд предмет во Ѓорче Петров
-

ССМ: Синдикалната минимална кошница за септември 69 432 денари
