-->
-->
Средба на турските власти со сириската опозиција во Анкара
-->
Во турското Министерство за надворешни работи за денеска е закажана средба на турските власти со претставници на сириската опозиција, соопштија од Минитерството.

Денешната средба во Анкара се случува пред претстојните мировни преговори за Сирија кои ќе се одржат на 20 февруари под покровителство на ОН. Меѓу учесниците ќе биде и Високиот комитет за преговори на сириската опозиција, поддржан од Саудиска Арабија, како и други групи кои учествуваа во мировните преговори во Казахстан минатиот месец, се вели во извештаите.
Јануарските преговори во Астана помеѓу сириската Влада и опозицијата резултираа со договор за троен набљудувачки механизам составен од турски, руски и ирански претставници, пренесува БТА.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Протести во Тирана, албанскиот премиер обвинува за странско влијание
-

Радуков се сомнева во македонските власти
-

Се укинуваат 33 учебници за основно, експертите сметаат дека е потребна сериозна промена и кај кадарот
-

Секој ден е важен, побрза дијагноза за ракот на дојка во Штип
-

Ќе се заштитува Студенчишкото блато
