Средба на Шекеринска со бригадниот генерал во НАТО Маријан Јелениевски

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска се сретна со воена делегација од НАТО предводена од бригадниот генерал Маријан Јелениевски, заменик директор на секторот за безбедносна соработка на НАТО.
Како што информираат од Министерството за одбрана целта на посетата на воената делегација е да се иницира продлабочена соработка меѓу НАТО и Армијата на Република Македонија.
Според Генералот Јелениевски засилената политичка активност на Република Македонија кон НАТО треба да се поддржи со поблиска воена соработка, и понудил три предлози за зголемување на воената соработка помеѓу воената структура на НАТО и Армијата на Република Македонија.
- Штабни разговори на експертско ниво еднаш годишно. Експерти од НАТО и АРМ да разговараат за прашања од заеднички интерес. Редовен годишен состанок на Воениот комитет на НАТО со АРМ. Подобра репрезентација на АРМ во НАТО структурите преку упатување на национален воен претставник на Република Македонија во Сојузната команда на НАТО (SHAPE) и пополнување на позиции за партнерски штабни офицери во воените команди на НАТО, се предлозите на Јелениевски.
Министерката Шекеринска истакнала дека Министерството за одбрана и Владата даваат не само поддршка, туку и силен поттик на предлозите за подобра воена соработка. Изразила јасна поддршка за директна комуникација меѓу АРМ и воениот сегмент на НАТО, како и за идејата за одржување на годишни состаноци меѓу Воениот комитет на НАТО и АРМ.
-Верувам дека без соработка на МО и АРМ нема да има прогрес, а поблиската соработка на НАТО и АРМ може да биде само од корист и за членството на Македонија во НАТО и за подобрување на статусот на Армијата, порачала Шекеринска.
Ново на Сител
-

Предлог законот за заштита од пушење го помина првиот собраниски филтер
-

Една година затвор за Стевчо Јакимовски, Апелациониот суд ја потврди казната
-

Безживотно тело на битолчанец извлечено од реката Драгор
-

Приведени осум возачи за безобѕирно управување возило, седум возеле без возачка дозвола, а еден со активна забрана
-

71-годишник починал по несреќа со трактор
-

Тело на 70-годишна жена пронајдено кај реката Лепенец
-

Гаши - Рокас: Собранието има главна улога во усвојување на законите од реформската агенда
-

Хуманитарен настан посветен на Јорданчо Џамов и загинатите во „Пулс“ во Кочани на 15 јуни
