Средба на претседателот Пендаровски со Јоханес Реи од фондацијата Конрад Аденауер
Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со Јоханес Реи, раководител на претставништвото на фондацијата Конрад Аденауер за Северна Македонија и за Косово, на која било разговарано за тековните активности на фондацијата, што догодина ќе одбележи 20 години од работењето во нашата земја.
Пендаровски, како што информираат од неговиот Кабинет, истакнал дека од големо значење е поддршката што фондацијата и ја дава на Северна Македонија во нејзините аспирации за членство во Европската унија преку реализација на бројни проекти.
Претседателот, исто така, изразил подготвеност за соработка со фондацијата во областа на политичкото образование, во духот на демократските вредности, промоција и заштита на човековите права и слободи, политичкиот плурализам, меѓусебната толеранција, заедништво и солидарност.
На средбата претседателот Пендаровски, меѓу другото, изразил и очекување дека фондацијата Конрад Аденауер и во иднина ќе продолжи да дава свој придонес во функција на развојот на граѓанското општество во Република Северна Македонија.
Ново на Сител
-
Рождество на Пресвета Богородица одбележано во манастирот Елеуса
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Ивица Томовски, СОЗР
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Предвремени избори нема да има, ДУИ да не ги лаже гласачите
-
Прво човек па градоначалник
-
Филипче: ВМРО-ДПМНЕ лажеше за воздухот
-
Голем пожар избувна попладнево над скопското село Батинци