Средба на претседателот Иванов со амбасадорот на САД Бејли

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска во „Вила Билјана“ во Охрид го прими амбасадорот на Соединетите Американски Држави Џес Бејли.
На средбата, како што соопшти кабинетот на Иванов, се разговарало за развојот на билатералните односи меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави, за состојбите во врска со европската и евроатлантската перспектива на Република Македонија, како и генерално за состојбите во регионот на Југоисточна Европа.
- Претседателот Иванов изрази очекување дека ќе продолжи американската поддршка и ангажман во однос на надворешно политичките цели и приоритети на Република Македонија - интеграцијата во НАТО и во Европската Унија, унапредувањето на добрососедските односи и продлабочувањето на регионалната соработка, се вели во соопштението.
Македонскиот претседател истакнал дека е неопходно да се создаде нов поттик и дополнителен импулс за членството на Република Македонија во НАТО, посочувајќи дека реализација на нашата евроатлантска интеграција ќе придонесе за долгорочен мир, стабилност, безбедност и просперитет на целиот регион.
Двајцата соговорници размениле мислења за соработката во полето на безбедноста и на одбраната, преку реализација на заеднички обуки и вежби за припадниците на АРМ и војската на САД. Во тој контекст, било поздравено учеството на Армијата на Република Македонија на мултинационалната вежба „Сабер Гардијан 2017“, а биле разменети мислења и информации и за претстојната вежба на АРМ и армијата на САД во Европа, „Драгон Рајд“ која ќе се одржи од 28 јули до 8 август, на воениот полигон Криволак.
Ново на Сител
-

На Попова Шапка изутринава минус еден степен, во Гевгелија 8
-

АХВ лани спровела над 125 илјади контроли, изречени парични казни од 618 илјади евра
-

Мелони запрепастена од изјавите на Трамп за војниците на НАТО во Авганистан, бара „почитување на улогата на сојузниците“
-

Состојба на патишта
-

Крводарителска акција во чест на хуманоста на Тоше Проески
-

СЗО жали за повлекувањето на САД
-

ЕУ и Советот на Европа договорија создавање тим за формирање на Специјален суд за агресијата врз Украина
-

Облачно време со повремен дожд, слаб снег на повисоките планини
