Средба на премиерот Заев со хрватската амбасадорка Баришиќ
Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со амбасадорката на Хрватска во Македонија, Данијела Баришиќ при што во разговорите заеднички ја поздравиле добрата соработка помеѓу двете земји и изразиле уверување дека таа ќе се продлабочува во периодот што претстои.
Како што соопшти владината прес-служба, на средбата е изразено уверување дека по промените во Македонија се отворени евроатлантските перспективи за државата.
- Владата работи мотивирано и со полн капацитет да ги стабилизира финансиски граѓаните и државата. Истовремено, работиме на интензивна реформска агенда којашто ќе обезбеди демократски, независни институции и владеење на правото, како дел од потребните европски вредности и за граѓаните во Македонија и за интеграциските процеси на државата. Целта на Владата е реализација на стратешките цели на Република Македонија, членство во Европската унија и НАТО, рече премиерот Заев.
Хрватската амбасадорка Баришиќ, се наведува, пренесе дека има позитивни оддеци во Брисел од реформската посветеност на новата демократска Влада.
Во таа насока амбасадорката Баришиќ најавила можности за интензивирање на економската соработка меѓу Македонија и Хрватска, со оглед на изразениот интерес на хрватски бизнисмени. Таа ја потврдила и определбата на Република Хрватска за поддршка на Македонија во реализацијата на евро-атлантските цели.
Ново на Сител
-
Мицкоски: На сите им е јасно дека реформите во судството се сведуваат на зголемување на платите на судиите и обвинителите
-
Мицкоски: Растот на платите покажа дека тезата на СДСМ не држи вода
-
Корупцијата и организираниот криминал имаат силно влијание врз независното функционирање на институциите и државата
-
Водостојот на Охридското езеро продолжува да опаѓа
-
Преглед на вестите од светот
-
Партиски препукувања за реформите во правосудството согласно планот за раст
-
Тема на денот со Дејан Мираковски, ректор на Универзитет „Гоце Делчев“
-
Tрамп со порака против независна Палестина