-->
-->
Средба на Османи и Курти со Блинкен во Вашингтон
-->
Американскиот државен секретар Антони Блинкен во Вашингтон се сретна со претседателката и премиерот на Косово, Вјоса Османи и Албин Курти, изјави портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс.
Блинкен на средбата го истакна постојаното партнерство меѓу САД и Косово и им се заблагодари на лидерите за силната поддршка на Украина, како и за приемот на бегалци од Авганистан.
На средбата се разговарало и за важноста на дијалогот што го води ЕУ со цел нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина, што е фокусиран на заемно признавање на патот кон евроатлантските интеграции.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
50 комунални возила на Брако на улиците во Ријад
-
Рождество на Пресвета Богородица одбележано во манастирот Елеуса
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Ивица Томовски, СОЗР
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Предвремени избори нема да има, ДУИ да не ги лаже гласачите
-
Прво човек па градоначалник
-
Филипче: ВМРО-ДПМНЕ лажеше за воздухот