-->
-->
Средба на Османи и Ковачевски со Мишел: Северна Македонија е во квалитативно повисока фаза во своите односи со ЕУ
-->
– Министерот за надворешни работи Бујар Османи и премиерот Димитар Ковачевски денеска во рамки на 77-то Генерално заседание на ОН оствариле кратка средба со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, кој ја претставува Европската Унија на мултилатерален настан.На средба заемно било потврдено задоволството дека Северна Македонија се наоѓа во квалитативно повисока фаза во своите односи со ЕУ, по отпочнувањето на преговорите.

Министерот Османи на својот фејсбук профил објави дека од страна на претседателот на Европскиот Совет беше истакната недвосмислената поддршка на Унијата за перспективата за членство на земјите од Западен Балкан во ЕУ, со уверување за кредибилен и правичен пристапен процес,
–На средбата стана збор и за веќе одржаните први состаноци со ЕУ во рамките на скрининг процесот, кој е предвидено да трае до ноември идната година, при што од наша страна беше реафирмирана високата подготвеност на земјата за успешен преговарачки процес, особено со оглед дека државата веќе долго време се усогласува со законодавството на ЕУ и бележи над 45 отсто транспонирано ЕУ законодавство во домашното законодавство, пишува Османи на Фејсбук.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пожар на Шар Планина, над Боговинско Езеро
-

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат
-

Кениецот Нјорге победник, Ивановски трет на Виз Ер Скопски маратон 2026
-

ЈОРСМ: Оружје, експлозив и муниција пронајдени во домот на скопјанец
-

Модриќ по поразот од Англија: За прв пат по 20 години со репрезентацијата се чувствувам засрамен
-

Во Берово утрово измерени - 4 степени
-

На изборите во Летонија победи коалицијата предводена од премиерот Кулбергс, според над 96 отсто обработени гласови
-

Во БИХ се одржуваат општи избори
