Средба на министрите од ЕУ посветена на бегалската криза

Министрите за правда и внатрешни работи од земјите-членки на Европската унија ќе се сретнат денеска во Брисел на вонреден состанок, посветен на решавањето на бегалската криза.
Министрите ќе разговараат за планот за солидарно прифаќање на околу 160.000 бегалци од земјите зафатени од војна од Блискиот исток и Африка, кој минатата недела го претстави претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер.
Неколку централно-европски и источни членки на ЕУ веќе изразија остро противење на планот, кој подразбира задолжителни квоти за сите држави од ЕУ, во зависност од нивниот капацитет за прием на бегалци.
Истовремено, со министрите за внатрешни работи и правда, во Брисел денеска ќе заседаваат и шефовите на дипломатии од ЕУ, во рамки на редовниот состанок на Советот за општи работи.
Ново на Сител
-

Претседателот Абас во писмо до ОН бара повлекување на Израел од Газа и формирање палестинска држава
-

Кривична пријава за обид за разбојништво во Битола
-

Дневната програма на „Виноскоп“ одложена за утре поради врнежи
-

Владата на Тајван по предупредувањето од Трамп: Островот е независна нација
-

САД планираат да поднесат обвинение против Раул Кастро за инцидент од 1996 година
-

Најниска температура изутринава во Берово, Лазарополе и Попова Шапка
-

Шестмина убиени во сомнителен израелски напад во јужен Либан
-

Стејт департмент: Израел и Либан се согласија на 45-дневно продолжување на примирјето
