Средба на министерот Спасовски со амбасадорот на Република Унгарија, Иштван Дукс
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со заменик министерот Назим Буши и заменик директорот на Бирото за јавна безбедност Ариф Асани, денеска оствари работна средба со амбасадорот на Република Унгарија во нашата земја Лазло Иштван Дукс и заменик шефицата на мисијата Кристина Тихањи, како и ново назначеното полициско аташе за внатрешни работи Иштван Шегеди.

Билатерална соработка меѓу двете земји, особено низ призмата на евроатлантските интеграции, како и продлабочување на соработката во конкретни сфери од безбедноста како што се: борбата против тероризмот, организираниот криминал, кибер криминалот и други сфери од заеднички интерес, биле темите на кои се разговарало на денешната средба.

– Заеднички беше нагласена поддршката што пријателска Унгарија и ја пружа на нашата земја, во континуитет, особено во контекст на заедничката превенција против илегалната миграција преку постојаното присуство на унгарски полициски службеници распоредени на нашата јужна граница, коишто заедно со нашите и другите европски полициски службеници даваат активен придонес во заштита на границата од илегалните миграциски текови, се наведува во соопштението од МВР.
Министерот Спасовски и амбасадорот Дукс ја нагласиле и досегашната одлична оперативна соработка со тенденција за нејзино натамошно продлабочување особено преку новото назначено полициско аташе за внатрешни работи при амбасадата на Унгарија, Иштван Шегеди.
Ново на Сител
-

Музичкиот спектакл „Силно светнал ден“ за 35 години независност стартуваше вечерва од Охрид
-

Тема на денот со Бојан Трајковски, доктор по општа медицина
-

Голем ризик за пожари на отворен простор и шумски пожари
-

Втор ден гори депонијата во Крива Паланка
-

Жештините ја зголемија потрошувачката на струја
-

Му го пресекол патот па избегал, ОЈО бара мерки на претпазливост за сообраќајката во Радишани
-

Зголемен број на повредени во сообраќајќи и скршеници поради колабирања бележат во Ургентен на Клинички
-

Подобрена е состојбата на повредениот пациент во Турција кој вчера беше транспортиран на Клинички
