Средба на министерот Спасовски, директорот на БЈБ Тасевски и амбасадорот на Чешката Република Томан
Во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија денеска се одржа средба на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, со директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски и Амбасадорот на Чешката Република , во заминување, Мирослав Томан.

На средбата било изразено задоволство од интензивната соработка помеѓу Амбасадата на Чешката Република и Министерството за внатрешни работи, која во претходниот период се интензивирала на највисоко ниво.

Како што соопштија од МВР, била нагласена безрезервната поддршка од страна на Амбасадата на Чешката Република, со која преку донации, како и преку реализација на голем број обуки, се придонесе за унапредување на капацитетите на вработените во МВР.

– Истовремено, на средбата беше нотирана и континуираната поддршка од страна на чешката полиција при спроведувањето на заедничките операции на нашата јужна граница, што секако придонесува за успешно справувањето со илегалната миграција и сузбивањето на прекуграничниот криминал, стои во соопштението од МВР.
Ново на Сител
-

Муцунски: Владата работи на трајно решение за одблокирање на евроинтеграциите
-

Цената на суровата нафта „потона“
-

Преглед на вестите од светот
-

Муцунски за МИА: Работиме на одржливо решение, кое нема повторно да создава ризици
-

Охрид полн со туристи но и со смет
-

Милионска санација за штипската болница
-

Одбележување на Илинден во Пелинце и Св.Прохор Пчински
-

Сиљановска Давкова за Илинден во Скопје
