Македонија
26. September 2015 - 16:15

Средба на иселениците во Колумбос со премиерот Груевски, дијаспората значаен сегмент од државата

Иселениците се важен сегмент за развојот на државата а соработката со дијаспората треба да биде на виско ниво. Владата во континуитет презема кокнкетри мерки за зајакнување на врските, а македонските иселеници се мостови на соработка меѓу матичната  и земјите во кои живеат.

Премиерот Никола Груевски се сретна со македонците во Колумбос, Охајо. Тој истакна дека владата го втемели правото на глас на иселениците, се спорведуваат проекти во чиј фокус се тие како што е ефикасен начин на добивање документи од надлежните органи.Според премиерот,  Владата и дијаспората треба да се посветат кон градење на понатамошни заеднички активности, во насока на промоција на националните интереси, остварување на поголем број странски директни инвестиции и ангажман на ислениците во проекти.

- Целата помош која што доаѓа од македонската дијаспора до граѓаните во Македонија е од големо значење. Можеби вам ви изгледа малку, можеби вие помагате на некој ваш роднина, братучед или било кој друг во Македонија, но кога сите тоа го прават на начин кој го прават со децении наназад, се заедно, тоа е огромна помош за Македонија, истакна премиерот Груевски.

Директните врски и посети, постојаната комуникација со владата се многу важни за дијаспората, затоа што н атој начин се релизираат проекти од заеднички интерсе, вели претседателот на ислениците во Колумбос, Благоја Станишевски.

-Дека сме сите заедно и на иста линија знаеме и по тоа што Република Македонија ни возврати со можноста да се стекнеме со македонски документи, пасоши, државјанства за тие што ги немаат, а исто така и со правото да можеме да гласаме на парламентарните и претседателските избори во Република Македонија, истакна Станишевски.

Преку овие посети и средби, иселениците добиваат можност дирекно да се запознаат со својата традиција, можноста да разменат идеи, да се проблабочат врските и интерсот кон својата земја.

- Ова е можност да размениме некои идеи за меѓународна соработка, за што поцврсти да бидат тие конекции помеѓу иселениците од Америка и во Македонија, со една заедничка цел на секаков можен начин да се подобри животот на Македонците во Македонија и на иселениците во Америка, изјави Филип Станковски, македонски иселеник кој живее во Колумбус.

Од оваа година стратуваше проектот Родум од Македонија, со кој македонските студенти иселенци добиваат можност да дојдат во МАкедонија, да работат во матичната земја, да го зборуваат мајчиниот јазик и да ја пренесат традицијата на своите поколенија.

-Тоа е многу добар проект, „Родум од Македонија“, оваа година бев таму, работев во кабинетот на министерот за странски инвестиции Џери Наумоф, бевме и на Галичката свадба, во Прилеп, во Охрид, и треба што повеќе млади Македонци да одат во Македонија, изјави Филип Јотовски кој оваа година престојувал во нашата земја преку владиниот проект.

Премиерот Никола Груевски ја посети и црквата во Колумбос , Успение на пресвета Богородица која е една од најзначјните православни цркви во САД, бидејќи пред 57 години за прв пат  била изведна богослужба на мајчин македонски јазик на американско тло.