Средба на градоначалникот на Кисела Вода со германскиот в.д. амбасадор Граф
Градоначалникот Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски денеска имаше средба со в.д. амбасадорот на Германија во земјава, Ото Граф, на која стана збор за македонско-германската соработка низ призмата на проектите од доменот на локалната самоуправа, нешто што веќе профункционира како успешен модел во Општината.
Како што соопшти Општина Кисела Вода, Ѓорѓиевски му се заблагодари на Граф за неодамнешната донација од страна на Германската амбасада преку која се обезбедени креветчиња и душеци за новата градинка „Симба”, која Општината со сопствени средства ја отвора во Усје.
В.д. амбасадорот Граф пројавил интерес за планираните проекти во програмата на градоначалникот и заеднички ги утврдиле новите можности за соработка.
– Со в.д. амбасадорот на Сојузна Република Германија во Македонија, Ото Граф, денеска имавме конструктивна и пријателска средба, преку која разменивме искуства и ги дефиниравме можностите за нови сфери во кои е можна заедничката соработка. Му се заблагодарив за неодамнешната донација, преку која на дечињата кои ќе бидат згрижени во градинката „Симба“ во Усје, им обезбедивме креветчиња и душеци. Убаво е кога се има поддршка, посебно во вакви големи проекти, каде Општината од сопствени средства прави голема инвестиција, отвора инклузивна градинка на место каде што никогаш немало ваков објект, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.
Со ваквите потези, додаде тој, се праќа јасна порака дека унапредувањето на условите и со тоа овозможувањето на поддршка на позитивниот развој на најмладата популација е заедничка стратешка определба.
– Се надевам, а точно тоа и го договоривме на денешната средба со в.д. амбасадорот Граф, дека проектите од ваков и сличен карактер ќе ја имаат поддршката од Сојузна Република Германија и во периодот што ни претстои. Воедно, кога веќе говориме за новата градинка во Усје, сакам да се заблагодарам и на студентите од Факултетот за уметност и дизајн при Меѓународниот балкански универзитет од Скопје, кои под менторство на своите професори работеа на визуелно обликување на оваа прва инклузивна градинка на територија на Град Скопје, истакна градоначалникот на Кисела Вода.
На овој начин, нагласува, сите заедно дадовме свој придонес во обликувањето на инклузивната иднина на младите, што е најголемиот императив и мотив за сите нас.
Според него, паралелно, како локална самоуправа, ја поддржале потребата од креативно изразување и ликовно уметничко реализирање на проекти и активности на младите, со посебен акцент на нивно проактивно вклучување во придонесот за подигнување на свеста за социјалните придобивки и социјалната култура и образование.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово