Свет
16. February 2017 - 9:48

Средба на американски и руски воени претставници во Баку

Началникот на рускиот Генералштаб, Валериј Герасимов, денеска во Азербејџан ќе се сретне со претставникот на американскиот Здружен комитет на началници на штабови Џозеф Данфорд, соопшти американското Министерство за одбрана.

Како што се најавува, состанокот ќе биде одржан во главниот град Баку, пренесе ТАСС.

Двајцата високи воени претставници ќе разговараат за серија прашања, меѓу кои и за моменталната состојба на американско-руските воени односи и важноста на воената комуникација за спречувањето на потенцијалните кризи.