Македонија
2. December 2025 - 16:37
Средба Муцунски - Калас во Брисел
Европската Унија останува посветена на процесот на проширување. Ваков впечаток добил Шефот на македонската дипломатија на средбата со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика Каја Калас утрово во Брисел.
Муцунски ја уверувал Калас дека Македонија има капацитет да ги спроведе реформите а резултати може да се очекуваат уште пред крајот на годинава.
Муцунски кој во Брисел е придружуван од министерот за евроинтеграции утре ќе учествува на состанокот на Министрите за надворешни работи во на земјите членки на НАТО а на неговата агенда се и серија билатерални средби.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
