Средба Џафери – Тилеуберди
Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска имаше средба со заменик премиерот и министер за надворешни работи на Република Казахстан, Мукхтар Тилеуберди.
Џафери, како што соопшти собраниската прес-служба, изрази задоволство што билатералните односи меѓу Северна Македонија и Казахстан се карактеризираат со пријателство, меѓусебно разбирање и заемен интерес за натамошно проширување и продлабочување на тие односи. Ставовите на двете земји во врска со клучните прашања на меѓународната агенда се многу блиски. Северна Македонија ги поддржува иницијативите на Казахстан во меѓународните организации, а соработката на мултилатерален план е особено изразена во рамките на Обединетите нации и ОБСЕ, потврди Џафери.
– Во кусиот осврт за досегашниот пат на земјата кон ЕУ и НАТО, за предизвиците со кои се соочивме и се соочуваме на тој пат, претседателот Џафери изрази надеж дека сето тоа ќе се заврши на најдобар можен начин и конечно ќе ги затвориме сите отворени прашања кои подолг временски период го отежнуваат нашето потполно интегрирање.
Заменик премиерот и министер за надворешни работи на Република Казахстан, Тилеуберди, изрази задоволство од приемот во Република Северна Македонија и потенцираше дека е почестен од успешната реализација на оваа средба. Тој нагласи дека Казахстан е голем трговски партнер на ЕУ и од тој аспект, и поддржувач на евроинтеграциите на нашата земја. Ја потенцираше и досегашната одлична соработка на двете земји и изрази спремност и понатаму да се продлабочи взаемната соработка на сите полиња, особено на полето на економијата, културата и др., се наведува во соопштението.
Тилеуберди му честиташе наЏафери за преземањето на претседателството на ОБСЕ на Република Северна Македонија следната година и изрази очекување за поинтензивна соработка на двете земји, со надеж дека во иднина ќе се продлабочи и парламентарната соработка, особено на ниво на пратенички групи.
Ново на Сител
-
Тема на денот со генералниот секретар на СДСМ, Александар Димитријевиќ
-
17 уапсени за инцидентите
-
ДУИ бара интерпелација на Тошковски - СДСМ лидерска средба
-
Разбојниците вчера од продажен објект на градскиот стадион одзеле 10.000 евра, но на излегување биле уапсени од ЕИП
-
Мицкоски за обвинителите: Нема веќе трпение
-
Приватните превозници се откажаа од блокада, утре продолжуваат да возат
-
Од Нова Година чоколадото ќе биде луксуз, поскапуваат и други берзански производи како маслото и шеќерот
-
Жртвите на семејно насилство во Струмица добиваат куќа за отворено домување