-->
-->
Средба Џафери Ердоган - Поддршка од Турција за интеграција на Македонија во НАТО
-->

На средбата, јави известувачот на МИА, Ердоган потенцираше дека Турција беше една од првите држави што ја призна нашата земја под нејзиното уставно име и дека таа прва отвори амбасада и назначи амбасадор во земјата.
Турскиот претседател се осврна на потребата за интензивирање на економската соработка, реафирмирајќи ја заложбата годишната трговска размена меѓу Турција и Македонија да се искачи на една милијарда долари.
Спикерот на македонскиот парламент Џафери кој на средбата присуствуваше со пратениците Весел Мемеди, Енес Ибрахим и Јусуф Хасани изрази благодарност за реализирањето на средбата и задоволство од интензитетот на посетите на највисоко ниво, што преставува можност Република Македонија и Република Турција да го потврдат традиционалното пријателство и да ја зајакнат долгогодишната успешна соработка.
Како и на пладневната средба со претседателот на Парламентот на Турција Исмаил Кахраман, Џафери и Ердоган разменија мислења за состојбите во двете земји и за актуелните случувања во регионот, при што претседателот на Собранието на Република Македонија информираше за добивањето на позитивен извештај и безусловна препорака за почеток на преговорите за членство во ЕУ од страна на Европската комисија, како резултат на постигнатиот прогрес во земјата.
- Парламентарното мнозинство во Република Македонија е сериозно определено за реализација на реформската агенда, потврдувајќи ја посветеноста кон основните демократски вредности, владеењето на правото, почитувањето на човековите права, градењето на добрососедски односи и решавањето на отворените прашања, истакна Џафери.
На средбата соговорниците разговараа и за потребата од интензивирање на соработката во борбата против тероризмот, при што беше нагласено дека Македонија го осуди обидот за државен удар во Турција и ги поддржува демократски избраните институции.
На крајот од средбата, заеднички беше нагласено значењето на меѓупарламентарната соработка и парламентарната дипломатија за билатералните и мултилатералните односи, во однос на унапредувањето на политичкиот дијалог и зголемувањето на динамиката на севкупната соработка меѓу земјите.
Претседателот на македонскиот законодавен дом Талат Џафери ја започна официјалната посета на Република Турција, претпладнето со посета на Мавзолејот на Ататурк во Анкара каде што положи венец и се потпиша во Златната книга. Џафери положи цвеќе и во делот на турскиот Парламент што беше оштетен при обидот за државен удар на 15 јули 2016 година во Турција, во спомен на загинатите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вработувања на 300 приватни специјализанти во април – ново ветување на Таравари
-
Камери од домот на Манев ја открија поврзаноста на обвинетите за убиствата на Вања и Панче
-
Возила опремени со паметни камери ќе регистраат сообраќајни прекршоци како дел од „Безбеден град“
-
ДКСК: Член на комисија на АЕК не ги исполнувал условите, но лицето било именувано на функцијата од Собранието
-
Венко Филипче е единствениот кандидат за лидер на СДСМ на внатрепартиските избори
-
Претседателката ја поздрави засилената дипломатска активност на премиерот
-
ВМРО-ДПМНЕ: Ги напаѓа ли Филипче САД преку Сашо Орданоски?
-
Преглед на вестите од светот