Македонија
4. October 2017 - 17:26

Средба Димитров-Аселборн: Решен спор за името ќе и донесе на Македонија брза интеграција во ЕУ и НАТО

Решавањето на спорот со името, ќе и донесе на Македонија брз интеграција во евроатлантското семејство. Министерот за надворешни работи и европски прашања на Луксембург очекува дека Нимиц како вешт посредник ќе успее да помогне во изнаоѓање на добро решение, за отпочне процесот на обединување на регионот во европското семејство. Неговиот домаќин во Скопје, Никола Димитров пак очекува старт на преговори идната година.  

Дека решението на спорот е неопходно заклучува и бугарскиот премиер Борисов. По состанок со колегите од регионот,мешу кои беше и Ципрас, тој оценува дека нема друг пат за Македонија. 

Попладнево Димитрв патува за Солун на средба со колегите од регинот. Добрососедските односи се главна тема на средбата поомеѓу шефовите на дипломатиите од Албанија, Бугарија, Македонија и домаќинот Коѕијас од Грција.