Средба Ахмети - Села, Касами не учествува
Лидерите на ДУИ Али Ахмети и на Алијансата за Албанците Зијадин Села попладнево одржуваат состанок во хотелот Александар Палас. На средбата што ја иницира Ахмети, според најавата, треба да се разговара за имплементацијата на програмските определби на албанските парламентарни партии.
На средбата, покрај Ахмети и Села, присуствуваат и Теута Арифи, Изет Меџити и Артан Груби од ДУИ, а Арбен Таравари од Алијансата за Албанците.
Иако поканет, на состанокот не дојде лидерот на БЕСА, Билал Касами. Од БЕСА преку соопштение предложија средбата да се одржи во Собранието на Република Македонија, а како точка на дневен ред да биде разгледан извештај од ДУИ и Алијансата за Албанците за тоа што е опфатено во владината програма од заедничката декларација на албанските политички партии и со какви динамика таа ќе се спроведува. Од БЕСА предлагаат на состанокот да се расправа и за изработка на план за Предлог-законот за албански јазик и формирање на работните групи за негова имплементација.
Ново на Сител
-
Митинзи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Гостивар и Тетово
-
Митинзи на СДСМ и коалицијата во Гевгелија и Валандово
-
Застрелан носителот на листа на ДУИ во Липково
-
Уапсени управители на старечки дом во Капиштец, се сомничат за нехуман третман на корисниците
-
Тема на денот со Борис Ѓорѓиевски, Дојче Веле
-
Почнува пријавување за бесплатната вакцинација против грип за ризичните групи
-
Апсење за нехуман третман на стари лица
-
4% инфлација во септември