Средба Ахмети - Петков

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети денеска се сретна со бугарскиот амбасадор Иван Петков.
Како што соопшти ДУИ, Ахмети и Петков во просториите на Амбасадата, разговарале за договорот меѓу Скопје и Софија, за политичката ситуација во земјата, реформите, јазичната еднаквост и интеграцијата на земјата во НАТО и ЕУ.
Ахмети го поздравил договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија, оценувајќи го како големо достигнување на патот кон НАТО и ЕУ, но и како придонес за стабилноста и безбедноста во регионот. Ахмети нагласил дека примерот на договорот со Софија треба да служи за спорот со Атина со цел целосно да се деблокира нашиот евроатлантски пат.
На средбата Ахмети ја истакнал и важноста за што побрзо заокружување на Охридскиот договор преку усвојување на законот за употреба на јазиците, што, како што се наведува, ќе придонесе за еднакво и покохезивно општество.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Зоран Јолевски, поранешен амбасадор во САД
-

Заседава раководството на СДСМ
-

Царина разоткри шверц на 70 милиони парчиња цигари, оштетен државниот буџет за над шест милиони евра
-

Пецов - Ѓаволот призна вина, доби две години условнa
-

Стручна комисија утврди - нема лекарска грешка во третманот на родилката од Струмица
-

Серија средби на Мицкоски во Њујорк
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Платформата „12.05“ подготвува опозициски фронт со СДСМ, но без ова раководство со Филипче
