-->
-->
Сребро за македонските кадетки – поразени во финалето од Хрватска
-->

Женската македонска кадетска репрезентација го освои второто место и сребрениот медал на Светското училишно првенство, откако попладнево во финалето загубија од Хрватска со 28:26.
Македонските ракометарки имаа одличен старт и водство од 5:1, но противничките брзо се вратија до средината на првиот дел и поведоа со 8:6. Нашиот тим успеа да изедначи на 11:11, но на полувреме беше 15:12 за Хрватска.
Ривалките во вториот дел се одлепија на +5 (19:14), но во финишот македонските ракометарки намалија на 24:25, но немаа сили за пресврт.
Во машкото финале македонските кадети ќе играат против селекцијата на Израел.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Повторно е отворена народната канцеларија на претседателот во центарот на Скопје
-

Нашата земја нуди квалитетни горива
-

Трет состанок на националниот консултативен механизам за реформската агенда
-

Повик за правда, во сабота Виница ќе маршира за жртвите во дискотеката „Пулс“
-

Преглед на вестите од светот
-

ОЈО: Јавниот обвинител не може да спречи никого да го бара на телефон
-

Тема на денот со Драган Даниловски, епидемиолог
-

Преглед на вестите од светот
