Срцепарателно: Најмладата жртва од авионот е десетмесечно бебенце

Денеска е прогласен Ден на жалост во Русија по големата несреќа во која се сруши авион и загинаа 224 лица. Меѓу загинатите имало и 25 деца, а најмалото било старо само 10 месеци. Светот е во шок. Семејствата на загинатите се скршени од болка.
- Нашиот син се враќаше од одмор, а со него беше и десетмесечната внука, велат низ солзи родителите на еден од загинатите патници.
Инаку, ИСИЛ објавила дека тие го урнале авионот и како што велат се среќни дека убиле крстоносци.
За неколку часа се очекува да почне анализата на податоците од двете црни кутии, изјавија претставници на египетската Влада.
- Дешифрирањето на црните кутии можеби ќе биде извршено во Египет, но конечна одлука за ова прашање се уште не е донесена, изјави денеска раководителот на руската Агенција за цивилно воздухопловство, Александар Нерадко.
Тој додаде дека вообичаено во вакви ситуации во анализата на податоците на црните кутии учествуваат експерти од двете земји.
Рускиот министер за транспорт Максим Соколов изјави дека црните кутии имаа претрпено помала штета.
Тој нагласи дека неодамна Меѓународната организација за цивилно воздухопловство го проверила системот, организацијата на управувањето и безбедноста на летовите на Русија и дала добра оценка.
- Но ние се разбира ќе дадеме соодветни заклучоци, откако ќе ги добиеме резултатите од истрагата за причината за несреќата на авкионот на „Когалимавиа“, истакна министерот.
Ербасот на руската компанија „Когалимавиа“, кој сообраќаше од Шарл ел Шеих за Санкт Петербург се урна вчера околу половина час по полетувањето, на стотина метри јужно од административниот центар на провинцијата Северен Синај, градот Ел Ариш, во близина на населеното место Ел Хасна. Во авионот имаше 117 патници и седум членови на екипажот. Во несреќата нема преживеани.
Ново на Сител
-

Венс: Потезите на американската администрација во економијата и кон Иран ќе донесат придобивки во иднина
-

Приведен 18 годишен кумановец, при претрес во неговиот дом пронајдено е оружје
-

Сиљановска-Давкова: Врело стана најдлабока подводна пештера во светот
-

Бобан Илиоски со спектакуларно деби во „Глори 110“ – го нокаутира фаворитот уште во првата рунда!
-

Браун: Леброн е најдобриот кошаркар на сите времиња, чест е да се игра со него
-

Макрон за насилните протести: Тие кои напаѓаа и ограбуваа ќе бидат кривично гонети и казнети
-

Во Литванија граѓаните во засолништа поради непознат летачки објект
-

Одлуката на Трамп да ги укине санкциите против Русија предизвика незадоволство кај членовите на Конгресот
