-->
-->
Србљак заедно со Јотовски во второто коло на фјучрсот во Брчко
-->

Македонскиот тенсиер Горазд Србљак заедно со Томислав Јотовски ќе бидат дел од играчите кои ќе играат во 2.коло на фјучрсот во Брчко. Тој денеска со пресврт стигна до победата над Нермин Фатиќ од (БиХ) со 2-1 во сетови (2:6; 6:2 и 6:2 во гемови). Мечот траеше 1 час и 55 минути
Првиот сет Фатиќ го доби со 6:2, а потоа нашиот тенисер успеа да направи пресврт откако ги доби двата сета со 6:2. Во следното коло негов ривал ќе му биде Давид Пишлер од Австрија (6.носител), кој со 2-0 во сетови го победи Роко Савин од Хрватска.
Во второто коло пласман обезбеди и Томислав Јотовски, откако неговиот ривал Љубомир Челебиќ (Црна Гора) му го предаде мечот. Јотовски утре ќе игра против Едуард Бартрина од Шпанија.
Од нашите тенисери единствено загуби Стефан Мицов. Тој беше поразен од Дарко Бојановиќ од (БиХ) со 2-0 во сетови (7:5 и 6:3 во гемови).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Институциите го зајакнуваат системот за интегритет, практичната примена останува предизвик
-

Тема на денот со Благојче Атанасовски, аналитичар
-

Нов апарат за дијагноза на остеопороза во Мајчин дом
-

Прилеп доби Центар за менаџирање на дебелина
-

Ленче Ристоска си поднесе оставка
-

Претседател на бугарско здружение опфатен во акција за лов на педофили
-

Нови сведоштва за насилството на Стојанче Јовановски кон сопругата
-

Големите пекарници ветуваат: Засега нема поскапување на лебот
