Тенис
7. November 2016 - 17:20

Србљак со најголем скок од мак-тенисерите

Од македонските тенисери најголем скок на последната промена објавена денеска има Горазд Србљак. Тој со бодот освоен на фјучрсот во Норвешка се искачи за 76 места и има вкупно 5 бодови. Тој сега се наоѓа на 1.262 место. Најдобар ранг од нашите тенисери има Томислав Јотовски со 26 бодови, се наоѓа на 765 место. Димитар Грабул е на 998 место со 11 бодови, додека Бојан Јанкуловски (1.764 место) и Стефан Мицов (2.057 место) имаат по еден бод.

Во конкуренција на двојки Јотовски е 625 место, Предраг Русевски 1.381 место, а Мицов на 1.687 место.