Србите кои се вакцинирани, од 1 мај ќе можат непречено да влезат во Грција
Меморандумот за разбирање во услови на пандемија, кој го усогласија министрите за туризам на Србија и на Грција, Татјана Матиќ и Харис Теокарис, им овозможува на вакцинираните граѓани на двете земји да влезат во другата земја. Оние што не се вакцинирани ќе мора да поминат низ „двостепена контрола“, јави дописникот на МИА од Белград.
Овој режим ќе важи од 1 мај до 1 октомври, а меморандумот беше договорен на онлајн состанок меѓу министерката за трговија, туризам и телекомуникации, Татјана Матиќ и министерот за туризам на Грција, Харис Теокарис.
Министерката Матиќ соопшти дека е договорено Меморандумот да предвиди заемно признавање на електронските сертификати за вакцинација.
– Исто така, на границата ќе се прават и случајни брзи тестови , кажа Матиќ.
Таа, исто така, наведе дека граѓаните кои досега не биле во можност да направат заменски патувања за Грција, а кои имаат склучено договори со туристичките агенции, тоа ќе можат да го сторат до 31 декември годинава.
– Отворањето на грчката граница за нашите граѓани во текот на летната сезона ќе биде симболична слика за целосно нормализирање на нашите животи и уште една потврда за длабокото и вистинско пријателство и вонредните билатерални односи меѓу Србија и Грција, изјави Матиќ, додавајќи дека оваа година ќе можат да патуваат во Грција и српските граѓани кои не се вакцинирани против коронавирус, при што ќе мора да поминат „двостепена контрола“.
– Првиот вид на контрола што грчката страна ќе го побара е поседување веројатно на антиген тестови, значи не исклучиво на ПЦР-тестови, а вториот вид на контрола што тие ќе го спроведат на нивната граница се брзите тестови, кажа Матиќ.
Ново на Сител
-
Колку се изводливи заканите на Трамп за царини и даноци за трговските партнери?
-
Тема на денот со Иво Рангеловиќ
-
Собранието ги поправи и потврди измените на кои Силјановска стави вето
-
Тик-ток предизвик или несреќа: 11 годишен ученик паднал од третиот кат во прилепско училиште
-
Наставниците добија упатство за ризиците од Тикток
-
Собранието ги поправи и потврди измените на кои Силјановска стави вето
-
Мицкоски од ВИП ложа ја следеше инаугурацијата на Трамп, бројни средби и денеска во Вашингтон
-
Изборот на Трамп ќе донесе економски придобивки за Западниот Балкан