Србите избираат нов претседател
Околу 6,8 милиони граѓани на Србија со право на глас, денеска избираат нов шеф на државата, кој на таа функција ќе го наследи актуелниот претседател Томислав Николиќ.
Од утрово во 7 часот, па до 20 часот, српските граѓани гласаат на 8.523 избирачки места во Србија и на 90 во Косово. Вчера беше спроведено гласањето за претседателските избори за Србите што живеат во странство на 53 гласачки места во 32 држави.
Во претседателската трка учествуваат 11 кандидати, но според аналитичарите, единствена непознаница на овие избори е дали актуелниот српски премиер Александар Вучиќ ќе биде избран за нов претседател на Србија уште денеска или по две недели во вториот круг.
Според последните анкети на јавното мислење Вучиќ, кој е кандидат на владејачката Српската напредна партија (СНС), но ја доби поддршката и од другите партии во владината коалиција, може да се надева на меѓу 52,8 и 54,3 проценти од гласовите и многу е веројатно дека уште денеска ќе го исполни потребниот услов на осовени над 50 отсто гласови за да биде избран за претседател во првиот круг,
Далеку зад него е кандидатот на граѓанската иницијатива „Србија без страв", поранешниот народен правобранител Саша Јанковиќ, кој има поддршка на меѓу 12,1 и 12,8 отсто од испитаниците.
Според анкетите, за третата позиција ќе се борат поранешниот шеф на српската дипломатија Вук Јеремиќ и главната ѕвезда на оваа претседателска кампања Лука Максимовиќ, кој настапува под името на своето алтер его, сатиричниот лик Љубиша Прелетачевиќ - Бели. Јеремиќ ужива поддршка на меѓу 8,6 и 9,4 проценти од анкетираните, а „Бели“ на меѓу 8,6 и 9,5 отсто.
Лидерот на Српската радикална партија, Воислав Шешељ, според анкетите, е на петтото место со меѓу 6,5 и 7,4 проценти поддршка. Останатите шестмина претседателски кандидати имаат поддршка помала од три проценти.
Ново на Сител
-
Зеленски ги посети украинските сили во близина на фронтот на југот од земјата
-
Директорот на БЈБ Александар Јанев учесник на второто Генерално собрание на Асоцијацијата на шефови на полиции за земјите од ЈИЕ - СЕПКА
-
Влада: 250 евра ваучер за сите студенти за електронски уреди и 30.000 евра поддршка за новите бизниси за млади
-
Новите сириски власти на три месеци ќе ги „замрзнат Уставот и парламентот“
-
Синот на Трамп објави монтирано видео од неговиот татко како го клоца Зеленски во глава
-
Магазинот „Тајм“ го избра Трамп за личност на годината
-
Во израелски напади во Појасот Газа загинале 38 лица
-
Приведен криминалец баран со потерница