Балкан
23. May 2019 - 18:22

Србинка и нејзините ќерки близначки пронајдени мртви, полицијата најде стравична глетка

Полицијата во еден стан во Виена пронашла три тела, на жена и две ќерки близначки, пишува ОЕ24.

Во станот живееле 45-годишната Весна со потекло од Србија и нејзините 18-годишни ќерки близначки.

Вратата морала да биде урната од пожарникари и полицајци откако загрижена пријателка на семејството ги барала, па откако долго време не можела да стапи во контакт со нив повикала полиција.

Близначките наводно биле со инвалидитет, а пронајдени се мртви на каучот. Иако засега нема траги од насилна смрт, полицијата и понатаму го истражува случајот, пишува ОЕ24.

Имено, Весна неколку пати бегала од насилниот сопруг во сигурна куќа. Подоцна се развеле, а тој замина, по што Весна останала сама со децата.

Соседите велат дека Весна М. била психички болна. Велат дека нејзиното семејство никогаш не доаѓало во посета.

Мајката и близначките ретко излегувале, но затоа често се слушале викотници од станот. Причината за смртта се истражува, но можно е Весна да ги отрула со таблети ќерките и себеси. Можно е исто така, Весна да паднала и починала, а близначките да починале од глад.

Исто така, како што наведуваат австриските медиуми, можно е сите три да починале од глад, затоа што во станот не биле пронајдени никакви траги од храна.

Телата на девојките биле пронајдени во соба, а мајката во ходникот од станот.