Србија во шок: Почина млада актерка, играше во серијата „Жени од Дедиње“
Српската актерка Ирена Мичијевиќ почина од тешка болест во 45.година.
Ирена живееше и работеше во Лондон, а голема желба и била последните денови да ги помине во Србија. Семејството на актерката потврди дека Ирена ја изгуби битката со тешката болест.
На српската јавност и беше позната по улогаа на адвокатката Клара во серијата „Жените од Дедиње“.
Ирена Мичијевиќ Родиќ е родена во Белград на 17.ноември 1972 година. Дипломирала на ФДУ во Белград каде се запишала на 16 години. Првата улога ја одигра во ТВ драмата „Голема мала матура“ 1991 година, а првата театарска улога во Југословенскиот драмски театар во претставата „Хамлет“ каде ја толкуваше улогата на Офелија.
Освен уогите во српските серии глумеше и во англиски филмови, а помала улога имаше и во ТВ серијата „Коронејшн стрит“.
Живееше во Лондон со сопругот Синиша и ќерката, а нејзина кума е познатата актерка Бранка Катиќ која живее и работи во САД.
Ново на Сител
-
Околу 90 камиони со помош влегле во Газа
-
Потпишување на Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство
-
Продолжува надзорната расправа за аерозагадувањето
-
Без струја корисници во Аеродром и Студеничани
-
Двајца вработени во израелската амбасада застрелани во центарот на Вашингтон
-
Каја Калас во Белград, Вучиќ: Србија останува доверлив партнер на сите кои се стремат кон соработка
-
Земјотрес со јачина од 6,1 степени го погоди грчкиот остров Крит
-
Променливо облачно и топло, попладне можен пороен дожд