Србија согласна за отворање на границите на 1 јуни, Грција од 15 јуни ќе прима туристи

Претседателот на Србија Александар Вучиќ, учествуваше денеска на видео конференцискиот состанок меѓу претставниците на Високиот совет за соработка на Република Србија, Бугарија, Грција и Романија, на кој е разговарано за постепено попуштање на мерките за олеснување на транспортот на луѓе и стоки, како и за туристички патувања меѓу државите од Квадритералата- Србија, Грција, Бугарија и Романија, соопштија од кабинетот на српскиот петседател.
Вучиќ на состанокот истакнал дека со цел промовирање на економски активности, Србија се согласува да ги отвори границите на 1 јуни, со примена на соодветни епидемиолошки мерки. Тој истакнал дека меѓусебниот договор за олеснување на ограничувањата за преминување на границата е еден од клучните елементи за стимулирање на економијата, особено во областа на туризмот.
Како што се наведува во соопштенеито, соговорниците заклучиле дека сите четири земји успешно се борат со коронавирусот и оцениле дека отворањето на границите ќе овозможи побрзо закрепнување на националните економии.
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис предложил отворање на грчката граница од 1 јуни за деловни патувања, за сезонски работници и членови на семејството кои живеат во други земји, додека отворањето на границата за туристички патувања го предвидува за 15 јуни.
На видео состанокот договорен е и состанок на Високиот совет на четирите земји во Бугарија на почетокот на јуни, каде, пред состанокот на Советот, ќе се одржи билатерална средба меѓу претседателот Вучиќ и премиерот Борисов, за време на која се планирани разговори за заедничките инфраструктурни проекти.
На состанокот учествуваа и премиерите на Грција, Бугарија и Романија, Киријакос Мицотакис, Бојко Борисов и Лудовик Орбан.
Вчера, во пресрет на средбата, претседателот на Србија разговараше телефонски со премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, каде се согласија дека меѓусебниот договор за олеснување на ограничувањата на граничните премини е еден од клучните елементи за поттикнување на деловните активности, особено во областа на туризмот, притоа инсистирајќи на потребата да се обезбеди примена на соодветни анти-епидемиолошки мерки, со цел да се обезбеди заштита на здравјето на граѓаните и да се спречи натамошно ширење на заразни болести.
На претходните состаноци на претставниците на четирите земји доминираа темите на Европската унија и економската соработка и инфраструктурните врски.
Ново на Сител
-

Андоновски: До крајот на годината околу 30 нови електронски услуги, плус 30 преку ЕУ
-

МНРиНТ: Бугарското МНР сѐ почесто се позиционира како рецензент на изјави на македонски политичари, наместо како партнер во суштински и европски ориентиран дијалог
-

Прекинато водоснабдување во населбата 11-ти Октомври во општина Кисела Вода
-

Анкета: Рејтинот на Трамп падна на историско ниско ниво по настаните во Минеаполис
-

Македонски државјанин баран за три убиства уапсен во Тирана
-

УЈП: Преземаме активности со цел даночните обврзници непречено да ги исполнат законските обврски
-

Се утврдува актуелната состојба и реалните можности за Скопското кале да се отвори и стави во активна културна функција
-

Министерството за надворешни работи го одбележа Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на холокаустот
