Србија отвора две нови поглавја со ЕУ
Србија денеска на Меѓувладина конференција во Брисел ќе отвори уште две поглавја во пристапните преговори со ЕУ – поглавје 6 што се занимава со правата на економските друштва и поглавје 30 за економски односи со странство, јави Танјуг.
Државите членки на ЕУ одлучија да и дадат на Србија „зелено светло“ за отворање на уште две поглавја со што вкупно ќе бидат отворени 12 поглавја.
Пред конечната одлука за отворање нови поглавја државите членки забележаа напредок на Србија во рамки на поглавјата 23 и 24, кои се однесуваат на реформите во областа на владеење на правото во државата, како напредок во процесот на нормализација на односите со Приштина.
Според Танјуг, сите држави не биле задоволни со вкупниот напредок на Србија во исполнувањето на Акцискиот план за поглавјето 23, што се однесува за реформите во правосудството, антикорупциската политика и основните права и правата на државјаните на ЕУ.
Во ЕУ очекуваат Србија во првиот дел од 2018 година да отвори уште три нови поглавја.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости