Србија отвара две поглавја во преговорите со ЕУ

Србија денеска на меѓувладината конференција во Брисел ќе ги отвори првите две поглавја во преговорите со Европската унија, со што ќе почне нова фаза во процесот на европските интеграции.
Српската делегација на втората меѓувладина конференција, на која ќе бидат отворени Поглавјето 32, кое се однесува на финансиската контрола и Поглавјето 35, посветено на нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, ќе ја предводи премиерот Александар Вучиќ.
Портпаролот на високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Маја Коцијанчич изјави за Танјуг дека прво се очекуваат воведни обраќања на учесниците, по што претставиците на ЕУ ќе ги изнесат своите ставови, потоа Србија ќе го изнесе својот став, по што следуваат заклучни зборови.
Вучиќ очекува дека Поглавјето 32 брзо ќе се затвори, додека како што посочи Поглавјето 35 ќе биде мошне тешко и ќе остане отворено до крајот на процесот на пристапување на Србија во ЕУ.
Првата меѓувладина конференција меѓу ЕУ и Србија, како официјален почеток на преговарачкиот процес е одржана пред речиси две години, на 21 јануари 2014 година во зградата на Европскиот совет во Брисел.
Ново на Сител
-

Почна метеоролошката зима, календарската доаѓа за дваесет дена
-

Освен во „Димо Хаџи Димов“, во друго училиште во Карпош не се најдени патогени бактерии
-

УЈП: Повратот на средства од МојДДВ за третиот квартал не е прекинат, ниту откажан
-

За 12 часа регистрирани над 65.000 сообраќајни прекршоци
-

Лишено од слобода лицето што му се заканувало на кавадаречкиот градоначалник
-

Милевски повеќе не е селектор на македонската репрезентација
-

Нормализиран сообраќајот на ГП Дојран
-

За еден денар поевтинуваат дизел горивата
