Србија: Нови 284 заразени случаи и седум починати

Во Србија во изминатите 24 часа регистрирани се седум нови смртни случаи, со што вкупниот број на починати се зголеми на 51 лице, јави дописникот на МИА од Белград.
Од седуммината починати, петмина се мажи и две жени на просечна возраст од 64,2 години, додека вкупната смртност во однос на заразените изнесува 2,67 отсто, изјави на денешната владина прес-конференција членот на кризниот штаб, проф.д-р Предраг Кон, кој додаде дека 31 процент од смртните случаи се мажи и 12 процента се женски пол.
За разлика од вчера, денеска од 959 новотестирани, регистрирани се 284 нови позитивни случаи на заразната болест, со што вкупно заразени во Србија се 1.908 лица.
– Досега вкупно се хоспитализирани 1.082 пациенти, од кои 98 лица се водат како тешки случаи и ставени се на респиратор, истакна Кон.
Бројот на тестирни лица заклучно со денеска изнесува 7.360 лица, од кои заразени со коронавирус се 1.908 лица.
– Јасно се гледа во петтата недела, според големиот број на новозаразени и починати, дека имаме нагорна линија на епидемијата и затоа треба да се придржуваме кон владините мерки, но ќе мораме уште повеќе да ги ограничиме контактите меѓу граѓаните, оцени Кон.
Од големите карантини во Србија, на Белградскиот саем сместени се 88 лица со полесни симптоми, а од денеска и спортската сала Чаир во Ниш е претворена во карантин каде се сместени првите 14 пациенти, меѓу кои и двајца кинески државјани.
На прес-конференцијата беше кажано дека епидемијата нема граници и не прави избор, така што голем е бројот на здравствени работници кои се заразени со коронавирусот, како што е случајот со гинеколошката клиника Народен фронт во Белград со 46 заразени од вработените и 75 во карантин, а сличен е случајот и во Здравствениот дом во Чуприја.
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека цел гарнизон на Првата бригада на српската војска е заразен при приемот на српските државјани од странство и најави дека утре ќе замине во Нови Пазар, кој е ново жариште на епидемијата.
Во Србија во тек е новата мерка за забрана за движење (40 часовен полициски час), која почна вчера во 13 часот и ќе трае до пет часот утре.
Ново на Сител
-

ВМРО ДПМНЕ: Филипче игра бугарско сценарио
-

Руте во Букурешт: НАТО е подготвен да ја брани секоја педа од територијата на Алијансата
-

Големи полициски сили распоредени околу српскиот парламент каде се одржуваат собири и поддржувачи на мајка која штрајкува со глад
-

Путин размислува за продолжување на руските нуклеарни проби доколку тоа го направат и САД
-

До 1 февруари забрана за риболов на сите видови риба на Мавровско Езеро, река Радика и нејзините притоки
-

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови
-

По американското тестирање ракета, Путин го свика рускиот Совет за безбедност
-

Обвинителството бара притвор за скопјанец осомничен за разбојничка кражба, провалил во куќа и украл над 1.500 евра
