Србија нема да го укине законот за воени злосторства
Србија нема намера да го укине законот за универзална компетенција на српските судови за воени злосторства во поранешна Југославија и ќе продолжи да го применува, изјави за Радио Слободна Европа раководителот на српското обвинителство за воени злосторства Милан Петровиќ.
Како што наведува хрватскиот портал Индекс, тој закон е една од причините поради кои Хрватска ги блокира преговорите за членството на Србија во ЕУ.
Петровиќ истакна дека заканите на Хрватска за блокирање на преговорите со ЕУ нема да влијаат на работата на обвинителството, кое ќе продолжи да покренува обвиненија против хрватските граѓани.
- Србија нема намера да го укине законот за компетенција на судовите за делата за воени злостроства. Неговото укинување ќе го направи невозможно гонењето на злосторниците и на тој начин тие ќе можат да живеат спокојно и да ја избегнат законската одговорност, нагласи Петровиќ.
На прашањето за колку хртватски граѓани српското обвинителство води истрага, Петровиќ одговори дека тие податоци се службена тајна, се додека не се покрене обвинение, но потврди дека обвинителството работи на воените злосторства кои се извршени од страна на Хрватите на хрватската територија.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
На кулата на АЕК ќе има панорамски ресторан - сообраќај до врв на Водно не е опција
-
Повредени двајца пионери на Брегалница
-
Mицкоски: Погрешна теза е дека без ДУИ ќе има има етнички тензии
-
Продолжуваат партиските активности за локалните избори
-
Кондарко: Изборите ќе течат без застои
-
Експерти од Италија и Словенија ќе испитуваат што се случувало на приватните кардиохирургии