Србија најавува контра мерки ако до 14 април не се најде трајно решение за брашното
Ако до 14 април не се најде трајно решение за извозот на брашното во Македонија, Србија ќе воведе контра мерки, соопшти денеска министерот за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ.
Гостувајќи во утринската програма на ТВ Н1, Љајиќ рече дека Србија ќе биде трпелива зашто трговската и царинската војна не се во интерес на двете земји.
- До 14 април мораме да најдеме трајно решение за извозот на брашното во Македонија. Воведувањето контра мерки, за жал, се уште е опција. Ние имаме трпение, не сакаме да влеземе во трговска и царинска војна, да воведуваме контрамерки, бидејќи тоа не е во интерес на стопанството и на меѓусебните односи. Јас им кажав да не не тераат тоа да го направиме, но тоа навистина ќе го сториме овој пат ако не најдеме трајно решение, истакна српскиот министер и најави нов состанок во Скопје за две недели.
Според него, проблемот со брашното го прават тројца мелничари од Македонија кои, како што напомена, имаат економско и финасиско влијание со што успеваат да наметнат вонцарински бариери.
Се бара модел, дополни Љајиќ, за трајно решение за да не се повторува проблемот секоја година.
- До 14 април е крајниот рок кога мораме да најдеме трајно решение за овој проблем. Во понеделник имам состанок со нашите мелничари бидејќи сето ова го правиме заради нив, а не поради политички намери, да видиме дали постигнатото решение се спроведува. Ќе бидеме трпеливи до 14 април и повеќе нема да бидеме трпеливи, порача спркиот министер.
Негова оценка е дека постојат неколку модели за решавање на проблемот, меѓу кои, потполно укинување на маркичките и трајно признавање на сертификатите.
На разгворот со македонскиот министер за замјоделство Љупчо Николовски не беше постигнато конечно решение и затоа, нагласи Љајиќ, се формира Мешовитиот комитет. - Пред два дена во Белград се одржа состанок на Меѓувладиниот комитет со релеватни институции од Србија и од Македонија. Говоревме генерално за олеснување на трговијата, а не само за брашното и за останатите прашања. Направивме исчекор и за две недели би требало да го продолжиме тој дијалог во Скопје, подвлече српскиот министер.
Ново на Сител
-
Продолжуваат протестите во Турција поради приведувањето на градоначалникот на Истанбул
-
Почина Тоше Поп-Симонов
-
Москва и Киев разменија воени заробеници пред Велигден
-
Собир на вработени во РТС: Ако раководството не ни се обрати итно – ќе сметаме дека се повлекле
-
Пронајден возачот кој во Скопје со „фиат” удри во тротинет
-
Путин објави велигденско примирје - запираат сите воени операции
-
Бискуп Киро: Велигден не познава ,,наш" и ,,ваш" календар - да се молиме за заедничко чествување затоа што тој му припаѓа на Христос
-
Кривична против лице од Врапчиште за приложување на фалсификувана возачка на Табановце