Србија: Момче со ракетен фрлач урнало зграда во Рума
Српската полиција во градот Рума, вчера попладнето уапсила млад човек кој од ракетен фрлач испукал проектил и уништил напуштен објект во близина на железничката станица во овој војводински град, јавија регионалните медиуми.
Експлозијата се случила околу 14 часот во Платичево и предизвикала уривање на малата зграда, но во инцидентот нема повредени.
Според неофицијални информации, уапсено е 25-годишно лице кое претходниот ден било пуштено од невропсихијатриско лекување.
„Утврдено е дека гори пожар во старата, напуштена зграда на станицата. Веднаш биле повикани пожарникари кои брзо го локализирале, а потоа го изгаснале пожарот“, пишува весникот „Блиц“, наведувајќи дека е причинета поголема материјална штета.
Српските медиуми јавуваат дека по масовното пукање во училиштето, кога ученик во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“ уби осум врсници и училишен чувар, како и по масакрот во Младеновац кога Урош Б.(21) уби осум лица. , во земјата многу често има нови инциденти.
Ново на Сител
-
Пожарите пустошија големи површини шума - никој не е казнет
-
Дигитална трансформација на водните услуги во ЈКП-ЈА
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК