Србија ќе воведува дуално образование

Владата на Република Србија на денешната седница го усвои нацрт-законот за дуално образование. Со овој закон ќе се овозможи поефикасно образование, а на младите луѓе ќе им овозможи вработување веднаш по средното образование, соопшти владината Канцеларија за соработка со медиумите.
Предлог-законот има за цел прилагодување на потребите на стручното образование со економијата, намалување на невработеноста кај младите до 25 години и зајакнување на конкурентноста на српската економија на регионално и на глобално ниво.
Владата на Република Србија ги усвои и нацрт-измените на законите за предучилишно, основно и средно образование.
Со нив се редефинира времето поминато во училиштата, со што се гради една поинаква слика на училиштата како места за учење и развој на учениците, но, исто така, се ослободува и простор за воннаставните активности кои претходно биле запоставени.
Се прошируваат можностите и за образовниот туризам.
Училиштата и специјализираните установи за деца и студенти кои имаат соодветни услови можат да станат центри за настава во природата, со што ќе се поевтини цената на таквите активности, но, исто така, ќе се помогне и во развојот на локално ниво.
Се воведува и нов концепт на државната матура, која треба да го подобри квалитетот на средното образование и да обезбеди квалитет на студентите за следниве нивоа на образование.
Ново на Сител
-

Петрова: Условот е европски
-

Тема на денот со Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и потпретседател на Собранието
-

Планот на Мерц пред лидерите на Западен Балкан во Тиват
-

СДСМ: Младите на референдум да одлучат за иднината
-

Гужвите на Богородица продолжуваат - Грција бара нови решенија
-

13 годишник загина возејќи електричен тротинет во Куманово - дали е потребна построга регулатива?
-

Вештачката интелигенција, помош или опасност за младите
-

Владата викендот ќе одлучува дали ќе продолжат мерките за горивата
