Србија испрати протестна нота до Амбасадата на Албанија во Белград за палењето на српското знаме во Тирана
Министерството за надворешни работи на Србија денеска соопшти дека упатила протестна нота до Амбасадата на Албанија во Белград, во која најостро го осудува неприфатливиот чин на палење на државното знаме на Србија на централниот градски плоштад Скендербег во Тирана, објавено на интернет на 20 ноември, јави дописникот на МИА од Белград.
-Сметаме дека ваквите настани им штетат на билатералните односи на двете земји, кои во изминатите неколку години го достигнаа највисокото ниво во нивната повеќевековна заедничка историја, се наведува во соопштението.
Исто така се посочува дека се очекува „надлежните институции на Албанија да направат сè што е во нивна моќ за да ги идентификуваат и гонат сторителите на овој грозоморен чин, кои се јасно видливи на објавеното видео, како и дека за тоа по дипломатски пат во разумен рок ќе се произнесат и ќе ги информираат институциите на Република Србија.
Ново на Сител
-
Нема да бидеме Американци, туку Гренланѓани, но отворени сме за соработка, вели премиерот на најголемиот остров во светот
-
Бајден ја осуди одлуката на Мета да ја прекине програмата за проверка на факти
-
Данската влада размислува да го зголеми своето воено присуство на Гренланд
-
Јапонската полиција уапси студентка поради напад со чекан на универзитет во Токио
-
Фатен бегалец од затвор осуден на казна од 23 години
-
Црните кутии на авионот на „Џеџу Ер“ не содржат податоци за последните четири минути од летот
-
Македонија го победи Сесвете во пријателски натпревар пред СП
-
Уште една синагога во Сиднеј прошарана со антисемитски и нацистички симболи