Србија и Турција ќе потпишат договор за слободна трговија

- Србија и Турција на 10 октомври ќе потпишат договор за слободна трговија, со што ќе ја зголемат трговската размена и слободната трговија со услуги и инвестиции, соопшти кабинетот на српскиот вицепремиер и министер за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ.
Договорот ќе биде парафиран за време на официјалната посета на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на Србија, на 10 и 11 октомври оваа година.
Љајиќ денеска во Анкара заедно со министерот за економија на Турција, Нихат Зејбекчи го усогласија текстот на новиот договор за слободна трговија меѓу двете земји.
Новиот текст на договорот предвидува за првпат бесцарински извоз на 5.000 тони говедско месо годишно од Србија во Турција.
Српските производители, исто така, првпат на турскиот пазар без царини ќе можат да ги извезуваат дефинираните квоти на сурово и рафинирано сончогледово масло, семки од сончоглед и одредени видови пекарски производи.
Првпат со овој договор се дефинира и слободната трговија со услуги (финансии, транспорт, телекомуникации, копродукција, итн.), што значително ќе придонесе за подобрување на инвестициската клима и зголемување на интересот на турските инвеститори во Србија. Со ова, воедно и на српското стопанство ќе му се отвори простор за трговија со услуги во Турција, се наведува во соопштението од кабинетот на вицепремиерот Љајиќ
Ново на Сител
-

Трамп: Нема договор со Техеран без „безусловна капитулација“ на Иран
-

Гутереш: Војната во Иран може да излезе од контрола
-

Трамп се закани со затворање на владата поради неуспехот да се усвои изборниот закон
-

Семејство од кумановско се сомнева дека нивниот 60-годишен брат бил отруен, случајот пријавен во полиција
-

Првиот човек на ФФМ на состанок на „HatTrick“ во УЕФА
-

Изненадете ја на 8 Март – подарете „Среќа плус“!
-

Кавадарчанец измамен за 4.900 евра, лажно му ветувале дека ќе инвестира во берза
-

Тошковски: Секој полицаец ќе даде максимум за спречување на насилство, но потребен е поефикасен институционален одговор
