-->
-->
Србија и Македонија ја унапредуваат билатералната и регионалната соработка во сообраќајот
-->
Србија и Македонија се пријателски земји кои треба и понатаму да ја унапредуваат билатералната и регионалната соработка, особено во областа на сообраќајот, инфраструктурата и реформата на унапредувањето на деловното опкружување што е важно за зголемување на инвестициите и за подобар живот за граѓаните, констатирано е на денешната средба на вицепремиерката и министер за градежништво, сообраќај и инфраструктура Зорана Михајловиќ и македонската амбасадорка во Белград Вера Јовановска Типко.Како што соопштија од српската Влада, на средбата Јовановска Типко и честитала на Михајловиќ на успешно спроведените реформи во градежништвото и на решението Белград да биде седиште на Транспортната заедница на Западниот Балкан што е важно потикнување за развојот на регионалната соработка на полето на инфраструктурата.
Вицепремиерката Михајловиќ укажала дека напредувањето на „Дуинг бизнис листата“ на Србија многу и значело искуството на Македонија во воведувањето на е-дозволите, како и на реформата на катастарот, за што, посочила, Србија и е многу благодарна на Македонија.
Михајловиќ истакнала на средбата дека Србија и Македонија се пример за соработка во регионот и на отстранувањето на нефизичките бариери, бидејќи во голема мера се работи на воспоставувањето на заедничкиот железнички граничен премин Прешево-Табановце чија изградба ќе биде поддржана со средствата од Инвестицискиот фонд за Западен Балкан (WBIF).
Амбасадорката Јовановска Типко на средбата истакнала дека воспоставувањето на заедничкиот железнички премин и поедноставувањето на граничните процедури е важно за двете земји, бидејќи тоа ќе овозможи побрз проток на стоки и ќе го стимулира зголемувањето на обемот на трговијата.
И двете соговорнички констатирале дека најважното инфраструктрно поврзување меѓу Србија и Македонија е изградбата на Коридорот 10, кој ќе биде завршен во 2018 година.
На средбата се разговарало и за соработката помеѓу Србија и Македонија во областа на воздушниот сообраќај (Белград-Скопје, Белград-Охрид) и водениот сообраќај (поврзување помеѓу капетанијата Белград со капетанијата Охрид), како и за проектите под иницијатива „Еден појас, еден пат", соопштуваат од српската Влада.
- Верувам дека можеме да ја подобриме оваа соработка и во областа на родовата рамноправност, каде што инициравме иницијатива за формирање регионална канцеларија за родова еднаквост за „Западнобалканската шесторка", изјавила Михајловиќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Македонските аеродроми продолжуваат да рушат рекорди - опслужени 3,3 милиони патници со пораст од 29% годинава
-

Акциска контрола на возила за јавен превоз - за пет часа констатирани 92 неправилности
-

Претрес во Гостивар, пронајдени автоматски пиштол „Шкорпион“ и муниција, уапсено едно лице | ФОТО
-

Јустина Широка Пуља избрана за претседателка на Косово
-

Советници на Трамп платени со стотици илјади долари за изборен ангажман во Република Српска
-

Унгарија ја увери Бугарија во целосна солидарност по нападот со дрон во Црното Море
-

Харадинај: Курти повторно го води Косово на избори
-

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании
