Србија и Косово ќе именуваат спорно езеро по Доналд Трамп
Србија и Косово во четвртокот се согласија да го именуваат езерото на спорна територија според претседателот Доналд Трамп, пренесува „Газета експрес“.
Езерото, познато кај Косоварите како Ујман, а кај Србите како Газивода, е предмет на спор меѓу двете земји: околу 80 отсто од неовите води се на Косово, а 20 отсто во Србија. Во четвртокот кај езерото се појави транспарент на кој пишуваше Езеро Трамп.
„Газета експрес“ дознава дека и косовскиот премиер Авдулах Хоти и српскиот претседател Александар Вучиќ изразиле подготвеност да го прифатат името.
„Како да се нарече езерото што е на Косово и на Србија е е сериозна точка на застој и покрај договорениот компромис од САД за почнување физибилити студија за создавање работни места и поголема енергија за регионот … така што двете страни се согласија за ново име – Езеро Трамп“, напиша поранешниот в.д. директор на Националното разузнавање (ДНИ) Ричард Гренел на Твитер.
Косовскиот премиер Хоти во четвртокот потврди дека иницијативата е вистинска, дека Гренел навистина ја покренал и дека не е невообичаено Косово да прави вакви потези.
„Како знак на почит и чест за нивната одлучувачка улога за слободата, независноста и признавањето на државноста на Косово низ целиот свет, ние ги именувавме нашите најдобри булевари според најистакнатите личности на САД, како на пр. претседателот Клинтон, Џорџ Буш, сенаторот Боб Дол, секретарката Медлин Олбрајт и други. Наша традиција и култура е да го почитуваме пријателот! Ова е благородна традиција на нашите предци што секогаш ќе ја почитуваме “, напиша Хоти на Фејсбук.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Анета Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна