Србија и Бугарија ги намалуваат цените за роаминг, во план укинување на роамингот меѓу ЕУ и Западен Балкан
Србија и Бугарија ќе потпишат договор за намалување на цените за роаминг-изјавија премиерите на двете земји Ана Брнабиќ и Бојко Борисов по заедничката средба денеска во Софија на маргините на меѓународната конференција-„Јакнење на регионалните интеграции на Балканот.“
Владата на Бугарија го одобрила нацрт меморандумот за разбирање помеѓу надлежните министерства на Бугарија и Србија за намалување на меѓународните тарифи за телекомуникаските услуги, а договорот ќе биде потпишан во наредните два дена.
Србија е втора држава по Македонија од земјите на Западниот Балкан која ќе потпише ваков договор.
Бриселскиот портал ЕурАктив вчера пренесе дека европската комесарка за дигитална политика Марија Габриел на самитот ЕУ-Западен Балкан во мај идната година во Софија, ќе го објави планот за укинување на роамингот помеѓу ЕУ и државите на западниот Балкан.
Габриел изјави дека ќе престави детален сет на мерки на состанокот за проширување на забраната за наплата на роаминг во ЕУ со Србија, Македонија, Црна Гора и БиХ и дека на ова прашање работи правниот тим на советници на Европската комисија. Меѓутоа, комесарката истакна дека неможе да каже колку време ќе треба да помине додека договорот за укинување на роамингот меѓу ЕУ и западнобалканските земји стапи на сила.
Портпаролот на бугарското МНР изјави дека Бугарија-по Македонија и Србија, преговара за намалувањето на цените на роаминг и со Албанија и Црна гора.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
Невреме со град во Скопје и низ државата
-
Политичките партии со осуда за ксенофобијата на трибини во Куманово, но и со меѓусебни обвинувања
-
Меџити и Лимани остануваат министри и во кампањата - Гаши неделава ќе распише избори
-
Независните почнаа со собирање потписи
-
Утре ќе биде распишан огласот за нов претседател на Антикорупциска
-
Владата повторно ќе воведе „Училишната кошничка“ за да не поскапи цел прибор пред први септември
-
СДСМ: Матни зделки во енергетиката, зошто ВМРО-ДПМНЕ молчи дали Алказар има одобрение за градба?