-->
-->
Србија: Го величел напаѓачот пред израелската Амбасада во Белград и признал дека ја поддржува ИД
-->

Јавното обвинителство за организиран криминал денеска во Белград го сослуша М.Д. од Нови Пазар поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело јавно поттикнување на терористички дејствија, соопшти Обвинителството.
Според белградски медиуми, М.Д., на социјалните мрежи го величал Милош Жујовиќ, напаѓачот врз жандармот и му признал на обвинителот дека објавите се негови и дека ја поддржува ИД.
По рочиштето, јавниот обвинител за организиран криминал и предложи на судијата за претходна постапка на Специјалното одделение за организиран криминал на Вишиот суд во Белград, да му се одреди притвор на М.Д., се наведува во соопштението.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тошковски: Построги казни и зголемување на старосната граница за возење тротинет
-

EСМ в година ќе покрива 70% од потребите за домаќинствата – Ќе плаќаме ли поскапа струја?
-

Николоски најави брза пруга до Солун
-

Мицкоски: Министрите што се уморни чесно е да си одат
-

Радев: Немам што да си кажам со Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Поддршката значи обврска
-

Тошковски: Законски измени за тротинетите
-

Постарите лица имаат потреба од нега
